ВМРО ДПМНЕ: Укинувањето на екстерното ја враќа земјата назад

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ го воведе екстерното тестирање како одговор на една појава која започна во периодот на транзицијата, а се манифестираше преку масовно пишување највисоки оценки без да се обезбеди дека ученикот има доволно стекнато знаење за таквата оценка, реагираше Спиро Ристовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Стефан Богоев од СДСМ истакна дека доставиле предлог до Собранието за укинување на екстерното тестирање.

– Факт е дека ваквиот начин на оценување во моментот ги задоволуваше и учениците и родителите, но предизвикуваше штети во две насоки. Прво, ги изедначуваше и подобрите и послабите ученици и влијаеше на потешко препознавање на квалитетот. Второ, ги стимулираше учениците и нивните родители и понатаму без многу труд и учење да добиваат повисоки оценки – рече Ристовски на прес конференцијата.

Според него со планот за укинување на екстерното тестирање СДСМ „ја враќа назад Република Македонија, а родителите, колку и да бидат задоволни од оваа антиреформа, популистичката мерка јасно е дека таа е единствено на штета на потенцијалот и успесите на нивните деца“.

Поврзани новости