ВМРО-ДПМНЕ: Цели семејства заминуваат поради неспособноста на оваа влада

by fokus

Намалувањето на невработеноста може да го зачуди само оној кој не ги видел полните автобуси со млади и работоспособни луѓе кои ја напуштаат Македонија. Тешко да има човек кој нема свој близок што заминал во странство по корка леб. Цели семејства заминуваат, а цели региони опустошуваат заради неспособноста на оваа влада. Мала утеха за оние кои ги испратиле своите најблиски на печалба е фалењето на Заев дека заради напуштањето на земјава, тој успеал да ја намали невработеноста.

Ова обвинување денеска го испратија од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, само Заев и Анѓушев може да бидат среќни бидејќи нивните бизниси и личното богатство се зголемуваат.

-Вработените од Еурокомпозит не поставија шатори пред владата за да ги прославуваат манипулациите на Зоран Заев, туку протестираат заради тоа што не може да ги прехранат сопствените семејства. Вработените од Југохром две години ги слушаат лагите на Заев за економскиот бум и рестартирањето на комбинатот, но оставени се самите на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Синдикатите во сабота организираат протести не заради растот со кој што се фали Заев туку за да се овозможи достоинствен живот за работниците. Граѓаните стануваат се посиромашни и живеат се потешко. Животот поскапува, акцизите се зголемуваат, даноците раснат, а нема повисоки пензии, ниту плати. Заев ја задолжува државата со стотици милиони евра, кои завршуваат по приватни џебови, а не во капитални инвестиции кои целосно колабираа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости