479
СДСМ преку партиски соопштенија и лажни мерки ја дефокусира јавноста. Време е Царовска наместо да се фали, да каже за кои новотоворени објекти станува збор и колкав е опфатот на деца, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Царовска како министер до сега не покажа грижа за децата. Ако Царовска водеше грижа за децата, немаше да го укине додатокот за трето дете.
Ако Царовска водеше грижа за вработениот кадар во градинките, немаше да ги дискриминира вработените во овие установи. Ова е доказ дека Царовска како нејзиниот ментор Заев милува да шири лажни вести.
Ова е уште една од низа причини зошто владата на Зоран Заев треба да си замине и да се распишат предвремени парламентарни избори“, додаваат од партијата.