ВМРО-ДПМНЕ: Транспарентност Македонија е привезок на СДСМ

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ реагира на информациите кои ги објави Транспаретност Македонија дека владејачката партија потрошила 1,7 милиони евра за лобирање во САД. Од ВМРО-ДПМНЕ не ја негираа сумата, туку обвинија дека Транспарентност Македонија била приврзок на СДСМ и нивна инсталација во граѓанскиот сектор.

-Оваа квази невладина организација никогаш не наоѓа причина да ги коментира скандалите во раководството на СДСМ, туку по нарачка излегува со конструкции и манипулации како и нивните налогодавци. Впрочем што друго да се очекува од оваа продолжена рака на СДСМ во која продефилирале Гордан Георгиев, Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, Дане Талески, Ванчо Узунов, Марјан Забрчанец и уште неколку други видни членови на СДСМ и платеници на СОРОС, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека целата нивна финансиска работа била транспарентна, а и согласно правните прописи на Република Македонија.

Поврзани новости