Единствено нешто по што стана препознатливо расипничкото раководство на СДС и Зоран Заев во изминативе 4 месеци се криминалот и беззаконието кое го донесоа во Република Македонија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Криминалот, корупциските афери станаа друго име на владата на СДС и Заев. СДС на граѓаните им ветуваа дека имаат план за подобар живот, им ветуваа поголеми плати, нови вработувања, но веднаш по доаѓањето на власт Заеви ја злоупотребија својата позиција за купување на големи индустриски гиганти за багателни цени. Трајче Заев за само 20.000 евра го купи индустрискиот комбинат „Герас Цунев“ кој се простира на површина од 7.000 метри квадратни. Купија објект од 7.000 метри квадратни за смешна цена од 20.000 евра, од прилика колку што чини една гарсониера од 20 квадрати во Скопје – се наведува во партиското соопштение.