ВМРО-ДПМНЕ: Тепачот на жени, Ацевски, држи партиски пресови кога пола Македонија е отсечена

by Fokus

Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на Македонија Пат кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на Костадин Ацевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата.

Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови.

А сега околу суштината:

Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството.

Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање.

Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија“, додаваат од партијата.

Поврзани новости