572
Тендерот за респиратори е поништен затоа што ќе беше очигледен криминал, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е поништена набавката за респираторни машини.
„ВМРО-ДПМНЕ беше во право за тендерот за набавка на респираторни машини, а реакцијата на јавноста го запре милионски криминал. Три дена, три различни лаги на Филипче за респираторите“ – велат од опозицијата.
Оттаму ја обвинуваат власта дека во услови на вонредна состојба и светска пандемија од корона вирусот, таа се занимава со криминални тендери во четири очи и класично профитерство.