544
Телекомот е мега скандал на СДСМ и неговото раководство, кои не можат да избегаат од тоа дека социјалдемократската влада е таа поради која граѓаните плаќаа енормно високи сметки за телекомуникациски услуги и дека парите собрани од граѓаните завршувале во приватни џебови, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Чудно е што за работата на медиумите СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ, но не е чудна нервозата на СДСМ поради случајот Телеком. Таа нервоза е плод на длабоката инволвираност на највисокото раководство во криминалните и сомнителни зделки и стравот што сега тоа се обелоденува“, стои во соопштението.