ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да си поднесе оставка

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка бидејќи се уште нема точна дијагноза од што починале двете лица од Симница, не се знае дали е набавен потребниот реагенс и која е вирусната болест што се шири во Гостиварско.

„Граѓаните додека се во хаос и паника, службите на Министерството спијат. Катастрофално е министерот и премиерот да немаат обезбедено реагенси за утврдување дијагноза“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Од партијата обвинија дека министерот Таравари дава паушални изјави од Америка додека во Гостиварско умират луѓе и сите се во страв и паника, исплашени за своите животи и животите на своите деца.

„Цел Гостивар е во паника, жителите на Симница се вознемирени и смртно исплашени, вработените во Инфективната клиника во Скопје се во паника и во право се. Поради неспосветеноста на Таравари, се создаде хаос и неизвесност која ги загрози и ги загрозува граѓаните на Македонија. Најмалку што може Таравари да направи во моментот е да си поднесе оставка заедно со целиот тим“, потенцираше Стојаноска.

Поврзани новости