Раководството на ВМРО-ДПМНЕ свика итна седница на Извршниот комитет, а потоа и на Централниот комитет. На двете највисоки партиски тела ќе се разговара за актуелната политичка состојба, за претседателските избори, и за барањето на партијата за предвремени парламентарни избори.
Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта ја носи државата во голема бездна.
„По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, владата, како што гледаме, се впушти во нова трка на лазење на јавноста со измислени бројки, сакајки да ја покрие целосната капитулација во економијата“, велат од опозициската партија.
Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне околу 14 часот.