ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен соучесник во затворањето на патриотите што ја бранеа Македонија

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста обвинува дека судот бил најдиректен и најодговорен учесник во „се поголемиот раздор и продлабочување на кризата поттикната од катастрофалните политики на владата на СДСМ“.

„Судот е директен соучесник во креирањето на недемократска атмосфера на страв, во која што Заев ќе може без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик“, смета партијата.

Оттаму додаваат дека доколку судиите имале интегритет, совест и свест, ќе ги ослободеле сите неправедно притворени лица од 27.април.

 

 

Поврзани новости