ВМРО-ДПМНЕ: Судиите се „тепаат“ да му угодат на Заев

by Fokus

„Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите. Судот за едни е мајка, а за други маќеа, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, по којзнае кој пат, повторно беше одложено рочиштето во кое што Зоран Заев е обвинет за поткуп од 200.000 евра. Судот три години не може да одржи рочиште, а надлежните судии и обвинители, што би рекол Заев „се тепаат” за да му угодат и да не го вознемируваат. Истовремено, без никаква правна основа судот веќе три месеци им го продолжува притворот на патриотите заради измислен тероризам – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости