ВМРО-ДПМНЕ: Стево рекол, Пендаровски порекол – еве како ја пушти низ вода паролата „нема правда, нема мир“

by Fokus

„Пендаровски Стево го погази достоинството на функцијата претседател, но и достоинството на народот и на државата. Се што ветуваше пред да дојде на позицијата, после тоа го посипа со пепел. Работата е Стево рекол, Пендаровски порекол“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму во соопштение велат „додека СЈО го користеа за прогон на политичките неистомисленици, тој му ветуваше продолжување на мандатот онолку години колку што му треба. Кога врхушката од СЈО самото стана синоним за криминал и рекет, а Пендаровски и екипата од СДС сакаа да направат ново пазарење со правдата, Стево потпиша измени на казнениот законик со што сите помпезни случаи пропаднаа, но и оние кои се однесуваа на функционери на СДС. Стево низ вода ја пушти паролата `нема правда- нема мир` со која ги манипулираше луѓето во 2016 и 2019“.

„Пендаровски е прочитана книга. Граѓаните знаат дека со голема резерва треба да ги прифаќаат неговите фрази и зборови во претстојната кампања. Стево Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет во очите на јавноста. Време е да си замине од политичката сцена. Народот во тоа ќе му помогне“ е партискиот став.

Поврзани новости