„Срамот и предавствата кои и ги направија на државата изминатите години власта на ДУИ и СДСМ нема да ги покријат со замајување на јавноста со некакви документи кои си ги пишуваат во штабот на ДУИ, а ги испраќаат преку прес службата на СДСМ. ДУИ и СДСМ преку таканаречениот манифест уште еднаш признаа дека изминатите месеци ништо не направија за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската МВРО-ДПМНЕ смета овој потег покажува дека владејаќките парии немаат капацитет за градење консензус.
„Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат. Со овој потег министрите Бујар Османи, Бојан Маричиќ и Артан Груби, доколку бил консултиран и премиерот Димитар Ковачевски, само докажуваат дека немаат никаков капацитет за градење консензус за највисоките државни интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не го добиле таканаречениот манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат.
„Исто како пред година ипол кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.