Срамно и безобразно е Венко Филипче, човекот кој ја претвори Македонија во синоним за корупција и сиромаштија, да се осмелува да обвинува други за состојбата што тој, Заев и кланот СДС-ДУИ ја создадоа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Неговите скандали со милионски тендери, злоупотреби и криминални зделки ја уназадија државата и оставија генерации во долгови. Граѓаните не забораваат кој ги доведе до питачки стап и кој ги остави без надеж.
Наместо да се обидува да ја префрли вината на други, Филипче треба да се соочи со правдата и да одговара за своите злодела. Секој ден во кој тој и неговите поранешни газди од СДС се обидуваат да манипулираат со јавноста е ден кога граѓаните уште појасно гледаат кој навистина го уништи нивниот животен стандард.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на вистинските реформи и мерки што ќе ја извлечат државата од калта во која ја остави претходната власт. Работиме за подобра иднина за сите граѓани, без празни обвинувања и лаги“ се додава во соопштението.