ВМРО-ДПМНЕ: Спорот со Грција виновен за заостанувањето во евроинтеграциите!

by Фокус

На прашањето зошто заостануваме во евроинтеграциите, одговорот го знаат сите. Тоа е заради спорот со Грција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДМС, по средбата на Заев и на Шекеринска со Филе во Брисел.

„А зошто постојано се појавуваат работи и предизвици кои оние што не и сакаат добро на државава ги користат како аргумент, треба да се прашаат тие кои им ги даваат аргументите, мафијашко политичкиот клан (како што самите членови на Социјал-демократскиот сојуз веќе ги нарекуваат) Заев и Шеќеринска.Нивното срамно и неодговорно однесување кое добива насловни страни во грчките медиуми е одговор на сите прашања кои самите тие ги поставуваат“, се вели во соопштението.

Владејачката партија реагираше и на коментарите на СДСМ, околу новата „џампинг џет“ фонтана на скопскиот плоштад.

Коце Трајановски победи на локалните избори во Град Скопје, па дури и во Општина Центар, со програма во која што беше предвиден истиот овој проект кој на јавноста ѝ беше објавен и познат од пооддамна. Од тогаш поминаа два изборни циклуси на кои што граѓаните дадоа недвосмислена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои што ги понуди во сопствените програми. За разлика од нас, СДСМ во општините во кои што ја практикува локалната власт не реализираше ниту едно ветување. Дури и во Општина Центар во која што ветуваа училиште, градинки и гасификации, не реализираа ништо освен фасадирање на една зграда во индиско-тирански стил и поставување по некоја клупа и жбун во некој парк“, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

За крај, партијата на Груевски реагираше и на коментарите за пресудата на Ален Зекиров.

„Соопштението на СДСМ е полно со контрадикторности и се добива впечаток дека со тоа што некој ќе оди во затвор, ВМРО-ДПМНЕ му прави услуга“.

Поврзани новости