СДСМ се препознава по нивните бледи лаги. СДСМ ги лаже граѓаните без срам. Пишуваат соопштенија и држат прес конференции како народот во Македонија секој ден станува се побогат. Во Македонија тече мед и млеко според СДСМ. Но граѓаните ги препознаа лагите на СДСМ бидејќи на свој грб ја почуствуваа сиромаштијата, и економијата која секојдневно тоне, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, 500.000 граѓани живеат во праг на сиромаштија. Земјоделците на кои им беше ветено сигурен откуп на производство и поголеми субвенции, својот род го фрлаат на буништа. Податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки има и од другите развиени држави. Овие податоци само покажуваат дека сиромаштијата во Македонија за овие две години е влезена на голема врата. Граѓаните имаат се помалку пари, и знаат дека СДСМ и Заев се причината затоа што им се случува, време е СДСМ и Заев да си заминат од власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.