Според визијата на СДС во Македонија мора да има судство кое ќе спроведува само партиски нарачки и политички прогон на неистомислениците, изјави денеска на прес конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа СДС максимално се труди во целост да го партизира судството и да го стави под своја контрола, исто како во 1997 година кога во една минута со една скандалозна одлука СДС промени 617 судии во Република Македонија. Неоспорен доказ за ваквиот план на СДС е Фркчовистичкиот совет на т.н. реформи во судството преку кој Заев сака да овозможи поставување на свои слепи послушници кои ќе ги спроведуваат неговите нарачки. Него ќе го ослободуваат од вина за тешките криминали кои ги сторил, а ќе ги гонат без докази и факти неговите неистомисленици и ќе бараат притвори и затворски казни за нив. Во овој совет за таа цел Заев ги постави лустрираниот Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимаваше со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби. Тука е и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер, изјави Стаменковска.