ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагира, откако Оливер Спасовски од СДСМ информира дека неговата партија поднела кривична пријава против премиерот Никола Груевски за оддавање на службена тајна.
-Токму СДСМ е партијата чиј лидер јавно призна дека соработува со странски служби со цел креирање на криза и политичка дестабилизација на Македонија. Очигледно е дека Оливер Спасовски се гордее со тоа што неговиот претседател одработува за странски центри. Добро е Оливер Спасовски да се запраша како на него ќе гледаат идните поколенија кога ќе знаат дека тој му бил соработник на Зоран Заев и го поддржувал во неговата намера, потпомогнат од странски центри, да и нанесе штета на сопствената држава – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму во соопштението се вели дека СДСМ немале никаков кредибилитет да говорат за почитувањето на правото, институциите и граѓаните во Република Македонија.