ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да работи, се занимава со ланскиот снег

by fokus

Наместо да се зафати со вистинските проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и кои предизвикуваат тензии, Оливер Спасовски ја дефокусира јавноста занимавајќи се со ланскиот снег, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавување на фактурите според кои врвот на МВР и УБК потрошил 1.400.000 евра по кафани.

-СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби Никола Младенов, грозоморното убиство кај Смилковското езеро и настаните во Диво Насеље со оперативното работење на службите и нивните контакти со странски гости, делегации и соработници. Манипулација од најнизок тип е обидот на СДС да ја излаже јавноста дека функцинерите во МВР се расфрлале. МВР до пред две години, односно до доаѓањето на СДС на власт имаше соработка со бројни служби која вроди со исклучителни резултати признаени и на меѓународен план. Изминативе две години, откако СДС го презеде МВР, практично не е реализирана ниту една посериозна акција, а криминалот се повеќе зема замав. СДС веќе не е опозиција и народот нема никаква полза од нивната глума и манипулација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости