ВМРО-ДПМНЕ: Сологатнот „Ние сме Европа“ е навреда за Европа

by Fokus

Опозицискта партија ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со соопштение дека слоганот на власта дека тие се Европа е навреда за Европа.

„Власта на СДСМ и ДУИ почнува кампања дека тие биле Европа. Ај што е плагијат од Грузија, па уште и ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Оваа власт нема апсолутно ништо со европските вредност, а претенциозно велат дека тие биле Европа. Никој не сака да се идентификува со корумпираните и криминалците од СДСМ и ДУИ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Понатаму од поозициската партија велат дека во Европа не избираат јавен обвинител од семејниот фотоалбум на партијата на власт, и дека во Европа синот на претседателот на Собранието не дипломира на академијата за обвинители на која се запишал без да ги почитува правилата и прописите.

„Во Европа не се делат милиони за скапи реклами на блиски фирми до власта во време кога народот гладува. Во Европа нема рекордна инфлација, а во исто време платите на функционерите да се покачат за 78%. Во Европа не може во три трагедии да настрадаат седумдесетина луѓе и за тоа никој да не одговара. Во Европа нема недостаток на основни лекови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека во Европа сопругата на премиерот не добива државно земјиште за евро квадрат, а братот на вице премиерот не добива луксузен деловен простор за багателна цена.

„Во Европа не може внукот на владеачка партија да стане сопственик на Трговски центар без да вложи цент. Во Европа нема избор на компанија за шиење на гаќи да врши надзор над капитални инфраструктурни проекти. Во Европа нема директори на Фондови кои ставаат снопчиња пари во торба и исчезнуваат неказнето од земјата. Во Европа нема ни ден да остане некој министер ако задоцни со набавка на терапија за хронично болни или ако не испечати учебници за децата. Во Европа не одвојуваат на слепо стотици милиони евра помош за фирма која нема ни камен темелник ставено. Во Европа не може сопрузи, синови и браќа во влада да креираат стратегија за енергетика, а нивните најблиски да формираат преку ноќ фирми за производство и трговија со струја“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ:

Од опозициската партија велат дека  слоганот на СДСМ е навреда за Европа, бидејќи таква корупција како што има во Македонија не само што нема во Европа, туку нема и во африканските и јужноамериканските земји.

„Ако мислат дека со скапо платена, а апсурдна кампања ќе постигнат нешто, тогаш се лажат. Ниту граѓаните ќе им поверуваат, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го убедат да гласа уставни измени под диктат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости