463
Со задоцнување од скоро два часа, започна седницата на Државната изборна комисија.
Додека членовите на Комисијата преговараат за последниот приговор поднесен од СДСМ, надвор се слушаат зурлите и тапаните на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ кои од сабајлево се дојдени на протест пред седиштето на ДИК.
Тие стравуваат дека приговорите на СДСМ и БЕСА можат да ја променат прераспределбата на мандатите. Засега, ДИК прифати само еден приговор, поднесен од БЕСА, и одлучи да се поништи гласањето во спорното избирачко место во Гостивар.
Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.