ВМРО-ДПМНЕ ќе достави три барања до еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан при неговата посета во вторник.
Ова го најави, пратеникот Александар Николовски во гостувањето на дневникот на телевизија „Сител“, а пренесе Мета.
-Прво, очекуваме јасно да ја осуди Тиранската платформа и јасно да осуди мешање на странски држави во внатрешните работи на Република Македонија. И Албанија како и Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ и очекуваме однесувањето на премиерот на Албанија да биде осудено од надлежниот за таа работа, а тоа е еврокомесарот за проширување- рече Николовски.
Втора работа што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува од комесарот и Европската Унија, е да се држат до своите принципи и барања.
-Неговиот претходник Оли Рен во 2007 година, бараше да се почитува правилото при формирање на Влада кое значи, победникот во македонскиот, секогаш да коалицира со победникот во албанскиот блок. Бараме тоа правило да се почитува и сега и во иднина. Да не се прекршуваат правилата кои ги бара самата ЕУ – додаде Николовски.
Третата работа која ја очекуваат од Хан е да ги земел во предвид протестите против албанската платформа.