592
По денешната средба на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва излегоа со соопштение од само една реченица.
-По остварената средба на господинот Зоран Заев со канцеларката на Германија госпоѓата Ангела Меркел во Република Албанија, го молиме господинот Зоран Заев да објасни до каде е датумот за преговори на Македонија со Европската Унија кој толку многу го ветуваше?, гласи целото соопштение.
Инаку, на денешната средба во Тирана, Заев и Меркел се согласиле дека интеграцијата на Македонија и регионот во ЕУ не смее да продолжи да се одложува.