„Ковачевски лаже. Ковачевски лажеше кога го прифаќаше францускиот предлог. Ковачевски лаже кога вели дека ВМРО го променило ставот. Ставот на ВМРО е непроменет од самиот почеток. Промена на устав и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата според бугарскиот диктат нема да има“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму појаснуваат дека „промената може да биде ефективна само со завршување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, што практично би било кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Промена на устав заедно со членство во ЕУ. НЕ за бугарски диктат“.
„Ковачевски лаже веќе една година дека обезбедил 2/3 за гласање на уставните измени според бугарски диктат. Димитар Ковачевски е големо разочарување и за меѓународната заедница, но што е поважно и за граѓаните во Македонија. Ковачевски има историска шанса да прифати единство во преодна влада без ДУИ. Ковачевски има историска шанса да прифати еден од двата предлога што ги доби на лидерската средба од претседателот Мицкоски. Времето е скапоцено и изминува, потребна е одговорност и обединување околу македонските национални интереси или час поскоро избори“ се вели во партиската реакција.