Република Македонија со СДСМ стана држава во која владее криминалот, а безбедноста никој не ја гарантира. Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Власта станала најголемиот заштитник на криминалот.
-Во центарот на Скопје малолетник беше избоден среден бел ден и едвај преживеа. Двајца од сторителите поминаа речиси без казна. Третото лице мистериозно исчезна во текот на истражната постапка. Чиј роднина или пријател е третиот не се соопштува. Важно за него не важи законот.
Иако МВР соопшти третото лицето ја признало вината, истото сепак не е опфатено во судскиот процес. Властите го скриваат третиот напаѓач на прободениот малолетник исто како што го скриваат и третиот напаѓач на убиеното момче Никола Саздовски кој брутално беше до смрт претепан на автобуска постојка. Правда за овие две момчиња нема исто како што немаше ни правда за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и уште десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани во оваа измината година со СДСМ на власт, обвинуваат од опозициската партија.
Оттаму велат и дека откако СДСМ ја презеде власта граѓаните станале жртви на концесиите на Заев кон криминалното подземје.
-Родителите се во страв за безбедноста на своите деца, а власта не само што не превзема ништо туку на слобода пушти над 800 криминалци кои уште повеќе ја влошија безбедноста во државата. Додека криминалот и насилството царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија. Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и бришење на македонската култура и историја, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека Заев манипулира со македонската јавсност создавајќи еуфорија за лажна победа.
-Реалноста е дека Македонија не доби ниту датум за преговори со Европската Унија, ниту безусловна покана за НАТО. Додека Заев води грижа како да уништи се македонско и да го зголеми капиталот на својот картел, Република Македонија назадува. Економијата на државата тоне, корупцијата цвета, реформи нема, а институциите работат по диктат на власта. На Македонија ваква власт не и е потребна. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту овој хаос да продолжи ниту да продолжат поразите кои и се нанесуваат на државата. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да му кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи, велат од партијата.