670
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје поднела пријави за градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори.
Пријавата ја поднеле до Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Финансиската полиција.
-За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов. И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, сè уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни, соопштија од партијата.