ВМРО-ДПМНЕ со претставка за двојна функција на директорот на скопски „Водовод“

by fokus

Пред една недела јавно објавивме дека директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Марјан Митовски во исто време е и член на Управен Одбор на ЈП „Улици и патишта“, но до денес немаме постапување од страна на градоначалничката Арсовска со што се дозволува кршење на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.

Фактичката состојба е дека Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје го назначила Митовски на две позиции, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Марјан Митовски во моментот на назначување на позицијата вршител на должност – директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје паралелно е носител и на друга функција, член на Управен Одбор на Јавното Претпријатие „Улици и Патишта“ – Скопје, и со тоа директно се прекршува членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, според кој е регулирана забрана за вршење на други дејности и во кој изрично е наведено дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите, кажа Митева.

Партијата достави претставка до ДКСК и ја повика институцијата да постапи по овој случај со што и на дело ќе се покаже дека заложбата на функционерите е да бидат во еднаква служба кон сите носители на јавни функции.

Поврзани новости