ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да биде изгласана смена на министерот за здравство Венко Филипче, како и на неговиот заменик Илир Хасани. Опозициската партија очекува овие партии кои се во коалиција со СДСМ и ДУИ, и самите да ги повикаат Филипче и Хасани на оставка. ВМРО-ДПМНЕ вели дека одговорност мора да има и дека рокот што партијата им го остави на двајцата функционери останува – до утре оставките да ги поднесат во Собранието, а не до премиерот.
ВМРО-ДПМНЕ смета деека премиерот нема да ги прифати оставките и повторува дека Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието.
-Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери. Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини. Тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.