Граѓаните се против покачувањето на цената на струјата. Тоа е огромен удар врз нивниот џеб и домашен буџет, во услови на пандемија, кога голем број ги загубија своите работни места. Тоа Заев не го интересира. СДСМ не реагира и продолжува со својата политика на грабање се што може да се грабне, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку СДСМ се поставеше домаќински, овие фирми немаше да ја почувствуваат загубата причинета поради пандемијата, но тоа ќе значеше помалку тендери за нивни блиски фирми, работа, од која очигледно не можеа да се откажат. Тоа ќе значеше и дека нема да можат да прават предизборен поткуп со над 1.000 вработувања.
Сметката за богатењето на поединци од власта и предизборниот поткуп сега стигна, а неа ќе треба да ја платат граѓаните. Апелираме власта да се вразуми, да ги примени советите на ВМРО-ДПМНЕ и да се откаже од покачувањето на струјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.