ВМРО-ДПМНЕ со поголем рејтинг од СДСМ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ, покажува анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.

За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Поврзани новости