543
По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае, критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од КОВАКС механизмот…На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.