642
ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавите на СДСМ за прочистување на судството. Во партиско соопштение, опозициската партија обвинува дека власта сака да се пресметува со неистомеслиниците преку монтирани судски случаи.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја посочија пресудата за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје и побараа целосна ревизија на случајот.
-ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт. Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Од оваа влада можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања, се вели во партиското соопштение.