ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава против Курто Дудуш

by Fokus

СДС ги спроведе најкриминалните избори во независна Македонија, изминативе локални избори беа се само не демократски и фер, истакна Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Еден од еклатантните примери на предизборни манипулации и сторување кривични дела е кандидатот за градоначалник од СДС за општина Шуто Оризари и пратеник во Собранието на Република Македонија, Курто Дудуш. Овој човек со цел да влијае врз одлуката на гласачите во континуитет стори или беше соучесник или пак поттикнувач на повеќе кривични дела. Првото недело кое го направи беше промовирањето на СДС за моќ во државата која ќе одлучува за животот и нормалното функционирање на граѓаните, како и прогласувајќи ја партиската книшка од СДС за закон и документ за влез во сите институции – информира Андонов.

Тој тврди дека Дудуш ниту збор не изустил за насилството врз неговиот противкандидат на локалните избори, ниту збор на сочувство, хуманистички пристап, а не пак јавна политичка осуда на насилниците.

 

Поврзани новости