ВМРО-ДПМНЕ: Со Георгиевски, Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО

by Fokus

Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Константин Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос.

Со Георгиевски Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите.

Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник?

Георгиевски е лош избор за Охрид. Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци. СДСМ оди со стари и истрошени кадри. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, додаваат од опозицијата.

Поврзани новости