Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува новата анкета на Институтот за Политички истражувања ИПИС Скопје која вечерва се емитуваше во емисијата Објектив на МРТВ.
Во Изборна единица 1 на прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле речиси двапати повеќе испитаници отколку за СДСМ.
За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.6 проценти од анкетираните во месец март, додека за СДСМ 11.3 проценти.
Анкетата покажува дека за ДУИ би гласале 6.8 проценти, за коалицијата ВРЕДИ 5,4%, а за Левица 5 проценти…
ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива предност и во Изборната единица 5.
На истото прашање, ВМРО-ДПМНЕ во март 2024-та има рејтинг од 22.8 проценти, СДСМ 13, а ДУИ 7.3%.
Следуваат Левица со 3.2 проценти, па Алијанса на Албанците 1.4 процент, а Движење ЗНАМ има 2.8 проценти.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски, а репрезентативен примерок во Изборната единица 1 на 1011 испитаници, додека во Изборната единица 5 на 1018 испитаници.