Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста повторно го критикува догворот за спорот со името.
„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја донесоа Република Македонија во потчинета положба. Капитулантскиот договор кој го потпиша Заев е понижувачки за целата држава. Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, а Заев не негираше“, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со договорот се ограничуваат јазикот и идентитетот.
„Заев ги понижи институциите, и го погази Уставот, законите и процедурите. Ратификацијата на договорот во Собранието без дискусија во Комисијата за надворешни работи е во спротивност со процедурите и претставува злоупотреба на европското знаменце. Заев вчера призна дека договорот предвидува промена на личните карти, пасошите, смена на сите институции што го содржат зборот Македонија. Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот, државата повеќе ќе тоне поради неспособната влада, а срамниот геноцид ќе се памети. Договорот кој го потпиша Заев за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија е оштетена страна. За картелот на власт не важат законите ниту Уставот“, велат од опозициската партија.