ВМРО-ДПМНЕ: Службените возила на МВР се користеле за приватни потреби

by fokus

Криминалите, злоупотребите и неспособноста на СДСМ по институциите секојдневно се откриваат. Вчера целата јавност виде дека разни соработници на Спасовски и Заев си ги користеле службените возила на МВР за приватни потреби. Апсурдот да биде поголем, расипништвото и алчноста за нешто што не е нивно јавно го демонстрираат и одбиваат да ги вратат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот судир меѓу техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев и дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска.

– На виделина излезе и дека Владата предводена од СДСМ за само два месеци вработила 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговорност за сторените криминали. На виделина излезе дека и БДП по жител во Македонија е за шест пати помал од просекот на Европската Унија. Зоран Заев ветуваше просечен економски раст од 5%, но досегашниот раст во минативе три години достигна просек од ниски 2,3% и со тоа темпо ќе ни требаат најмалку 50 години за да го достигнеме просекот на ЕУ. На виделина излезе дека има 11.514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Ова говори дека Владата и МТСП претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости