Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека Специјалното јавно обвинителство делува како општинска организација на СДСМ, која води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.
-Еклатантен пример на непочитување на законот претставуваат информациите дека и покрај завршувањето на рокот, СЈО продолжува со хајката на истражни дејствија и притисоци. Тргнувајќи од фактот дека рокот од 18 месеци во кои Катица Јанева можеше да покрене обвиненија истече на 30 јуни 2017 година, после 30 јуни нема овластување за истражување и гонење на кривични дела за кои беше надлежна согласно донесениот закон. Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да превзема понатамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за превземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30 јуни не покрена обвинение, ниту има овластување и надлежност за отворање и водење на нови кривични постапки – вели Костовски.