Случаите за кои СЈО покрена обвинение се неиздржани, без докази и се засноваат на политички, а не правни квалификации, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СЈО има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО ДПМНЕ и нејзиното раководство. Се обидуваат на секаков начин да ја оцрнат и заслабат партијата. Затоа бараат мерки само против пратеници и функционери на партијата. СЈО и Заев се плашат дека вистината за тоа што го прават ќе излезе и надвор од Македонија и ќе ја дознаат многу пријатели на Македонија“, изјави Дарко Костовски од пред седиштето на СЈО.
Тој денеска говореше за случајот ТЕНК, кој, како што рече, СЈО го употребува за политичка борба.
„Водеа политичка хајка за набавка на блиндираниот автомобил, а сега владата на СДС продолжува да го користи. Велеа дека бил уништен и изгребан, па откако го сликаа и купија денот со сликање, го изгланцаа и ставија во погон за превоз на делегации“, рече Костовски и додаде дека ова е пример со којшто се докажува пристрасноста и политичката хајка која ја води СЈО.