374
Специјалното јавно обвинителство не постапува правно и врз основа на аргументи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со оглед на фактот што помина законскиот рок за покренување на обвиненија и нови истраги од страна на СЈО и согласно законските нормативи незаконски снимените материјали со кој располага СЈО мора да бидат уништени, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак според Законот за специјалното јавно обвинителство единствено е ограничен рокот за поднесување на обвиненија и тоа 18 месеци, кој измина неодамна, меѓутоа рок за покренување на нови истраги не им е истечен, бидејќи мандатот им е пет години.