ВМРО-ДПМНЕ синоќа назначила и 19 нови претседатели на општински комитети

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ синоќа назначила и 19 нови претседатели на општински комитети

Покрај одлуката за блокада на Собранието почнувајќи од 10 мај, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучувал и за кадровски решенија за што биле именувани нови претседатели на 19 извршни комитети.

-Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се избрани ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја задушува државата. Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од поголемите општински комитети, нови претседатели има во Куманово, Штип, Гевгелија… Целосната листа со новите кадровски решенија која утрово ја објави ВМРО-ДПМНЕ е следна:

Македонски Брод – Бисера Златеска
Куманово – Бобан Николовски
Зелениково-Дејан Димишковски
Свети Николе – Илија Стоилев
Штип-Душко Иванов
Чашка-Трајче Мишковски
Пробиштип-Оливер Митев
Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов
Валандово-Јулија Тушевска
Пехчево-Николчо Спасовски
Карбинци-Гордана Брбашка
Градско-Александар Георгиевски
Гевгелија-Димитар Вегов
Дојран-Илија Тентов
Демир Капија-Наталија Димитриева
Новаци-Илче Трајковски
Росоман-Ѓорги Крстевски
Крушево-Александра Мијајлевска Стефановска
Долнени-Сашко Велјановски.

Поврзани новости