ВМРО-ДПМНЕ: Симпатизер на Путин во работната група за уставни измени

by Fokus

Јагода Митревска, симпатизер на Путин ќе биде еден од ескпертите во работната група која ќе треба да ги пишува уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата партија велат дека експертите се всушност пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДСМ и ДУИ.

„Уставни измени ќе прави и Јагода Митревска симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија. Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин. Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости