ВМРО-ДПМНE: Што бара СДСМ во Владата, кога се плаши од избори?

by Фокус

Од ВМРО-ДОМНЕ реагираа на денешната прес-конференција на опозицискиот лидер, Зоран Заев на која меѓудругото, обвини дека власта без согласност на опозицијата ги вратила министрите Диме Спасов и Митко Чавков повторно на функција.

Од владејачката партија велат дека не постои ниту една единствена разумна причина зошто мнозинството пратеници во Собранието не би ги прифатиле оставките на партиските кадри на Зоран Заев.

„СДСМ и Зоран Заев избегаа и од изборно соочување на 5 јуни покажувајќи дека се смртно преплашени од фактот дека народот ја прочита нивната деструкција и ќе ги казни на избори. Со тоа не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Околу барањата за повлекување на аболицијата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста. Од партијата обвинуваат дека опозицискиот лидер не побарал да му биде укината аболицијата за „Глобал”, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра.