514
Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип упатија критики кон градоначалникот на општината, Благој Бочварски за набавката на возило за справување со снег.
„Градоначалникот на Општина Штип, веројатно загрижен за состојбата со снегот по улиците, одлучил ЈП Стипион да набави амортизирано, 20 години старо, расходувано возило за цена од дури 2.478.000 денари (40.000 евра).
Оваа година немаше снег и не не‘ изненади. Но, цената и годината на производство на набавената соларка – не‘ замисли. Градоначалникот, како вообичаено не пропушти прилика да се пофали со набавеното возило. Истото е наменето за чистење на коловози во зимски услови, но заборави да ги информира граѓаните за цената, функционалноста и годината на производство.
Информација, која за локалната самоуправа можеби не толку важна, но за граѓаните на Општина Штип од огромно значење“, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.