Однесувањето на Шилегов има намена да ја дефокусира јавноста од неговото неработење, советниците ќе поднесат интерпелација за работата на Љубица Јанчева, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и навредите упатени од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. Тие не само што се израз на ниско ниво на култура, туку го отсликуваат менталниот склоп на власта, каде преку навреди, омаловажувања сакаат да ја замолкнат опозицијата и различното мислење. Петре Шилегов не е подготвен да дебатира со факти и аргументи, и затоа пристапува кон вакво недолично однесување. Реалноста е дека Шилегов нема проекти и не работи, не ги решава проблемите на скопјани и преку вакво однесување тој ја дефокусира јавноста од она што се реални потреби на градот Скопје – се наведува во партиското соопштение.
Тие додаваат дека Шилегов денеска навредувал со амин на претседавачот на Советот, Јанчева.
„Сето ова недозволиво и приземно однесување на Шилегов кое е израз на недостаток на демократски капацитет е одобрено од претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева која дозволува кршење на процедурите и одобрува самоволие. Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе покрене и интерпелација до претседавачот на советот на град Скопје поради несовено работење и кршење на деловникот – продолжува понатаму во соопштението.