ВМРО-ДПМНЕ: Шерифот Џафери се сретнал со верни следбеници на Путин

by Fokus

Шерифот од Форино Талат Џафери влегува од скандал во скандал. После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ. Талат Џефери на 10.07.2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја членска на НАТО. Што разговарал Џафери со Чеченците?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека според информациите во странски медиуми гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина.

-Која била мисијата на Чеченците во Македонија? Какви односи имаат овие ликови со Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ? Зарем и во други земји членки на НАТО вакви лица блиски до КРЕМЉ слободно се шетаат во нивните парламенти и остваруваат средби со функционери?  Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ должат одговори, а претседателот на собранието и лична одговорност. Ова причина плус за негова оставка, се вели во соопштението.

Поврзани новости