Од владејачката партија реагираа на денешната прес-конференција на Радмила Шекеринска од СДСМ, на која меѓудругото, заменик-претседателката најави низа мерки за вработување кои би ги спроведила партијата ако победи на декемвриските избори.
-Радмила Шекеринска има чиста нула кога е во прашање кредибилитетот да зборува за отворање нови работни места. Шекеринска ги гледаше во очи и ги излажа граѓаните на Република Македонија во 2002 година дека ќе вработи по еден човек од секое семејство. Граѓаните не забораваат и токму поради таквите лаги го држат СДСМ што подалеку од власта веќе 9 изборни циклуси по ред – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За владејачката партија ветувањата на опозицијата за зголемување на минималната плата се уште една лага во предизборито.