По рекордните бројки на новозаразени со Ковид-19 во изминатите денови, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи.
Бројката на починати достигна речиси 800 лица. Бројката на новозаразени во едно деноноќие достигна до повеќе од 20 проценти од тестираните. Се бележат црни рекори.
Дали Филипче е свесен за ова? Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните? Заболените од Ковид -19 нема ниту каде, ниту кој да ги лечи. Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде. Медицинскиот кадар со кој и онака се кубури земјава, почнаа да га напуштаат јавните здравствени установи.
Филипче очигледнo воопшто не е загрижен за ситуацијата. Филипче ги остави граѓаните сами на себе. За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.