ВМРО-ДПМНЕ: Сега на сите им е јасно дека Заев прислушувал

by Фокус

-Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната „бомба“ со која Зоран Заев обвини дека Сашо Мијалков и неговиот братучед, премиерот Никола Груевски прислушувале над 20 илјади граѓани преку опрема од УБК.

Од ДПМНЕ велат дека било јасно дека СДСМ била се уште во шок по, како што велат, фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја подржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавувал креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали, чија веродостојност не била утврдена, си дале нов автогол.

-Граѓаните испраќаат јасна порака дека не го подржуваат ваквото однесување на Заев. Ова е прес конференција на човек кој е свесен за своето злодело и лошо одбран начин да се вади од одговорност. Ова е алиби прес конференција во која Заев сака да се убеди прво себе и своите а потоа да ја убеди јавноста во нешто што е крајно нелогично и сулудо, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости